Близнова се врати на ракометните терени

После неколку години пауза, една од најпознтатите руски ракометарки Ирина Близнова се врати на ракометните терени.Позади името на Близнова стои извонредна ракометна кариера, бидејќи Близнова е трократен шампион на Русија со екипата на Лада, двократен Светски шампион како и вицешампион од Олимиските игри во Пекинг.

Нејзиното враќање е особено важно земајќи го во предвид фактот дека рускиот вицешампион – Лада во моментов минува низ тешки времиња.

Да бидам искренa, не верував дека ќе се вратам назад во спортот. Клубот настојуваше за мое враќање на ракометните терени, како и голманот на Лада – Татјана Константинова. Мојот сопруг и неговиот тренер исто така имаа разговори со мене на истата тема. Се уште не можам верувам дека донесов одлука да се вратам на ракометниот терен. Се разбира дека нема да биде лесно за мене. Впрочем мојот втор син се роди на денот на вљубените (14 февруари), и нема сеуште цели шест месеци, а другиот пак има само четири години. Мојот сопруг ми даде голема поддршка во донесувањето на оваа одлука и рече дека ќе ми помогне. Вели дека сеуште сака да ме гледа на телевизија

– изјави Близнова за клупскиот веб-сајт.