Битка за мундијалска виза: Шведска е поблизу до светскиот шампионат

После првото полувреме на двобојот за златото на Европското првенство селекцијата на Шведска има предност од 14:12 против Шпанија и има предност која може да биде значајна во продолжението од средбата. Ова е дуел на кој се брка место на Светското првенство во Данска и во Германија, но и директно место на следното Европско првенство.

Шведска тргна подобро во првото полувреме. И на овој натпревар почна да ја игра својата стандардно добра одбрана која даваше резултат, а потоа во нападот лесно се доаѓаше до позиција за гол. Швеѓаните го контролираа водството и не дозволуваа Шпанија да се доближи премногу и да успее да се врати во игра до крајот на полувремето.

Иако Коралес тргна добро на голот, сепак, во продолжение не можеше да му парира на Апелгрен кој едноставно на моменти делуваше несовладливо. Неговите 11 одбрани за 25 минути делуваа неверојатно, но и тие не помогнаа Шведска да има голема позитива на крајот од полувремето.

Место да има сигурно водство, Шведска замина на одмор со два гола разлика, а тоа е знак дека вториот дел ќе биде интересен. И во двете екипи после првиот дел има по еден играч со четири гола. Кај Шпанија тоа е Соле, а кај Шведска, Нилсен.