Биглер се врати, Полска го освои седмото место

На својот проштален натпревар, германскиот стратег на клупата на Полска, се одлучи достојно да се збогува со полските навивачи и ракометната јавност. Шведска го оствари својот план, обезбеди место во квалификациите за Олимписките игри, а на Полјаците им преостана натпревар за престиж, за добар впечаток пред публиката во Вроцлав.

Се започна добро за Полска, која по првите пет минути имаше предност од 3-1, а по 20 минути имаа високи 10-6. До 25-та минута Полска го изедначи резултатот на 10-10. Со изедначен резултат заврши и првиот дел за конечни 12-12.

По паузата Шведска за прв пат поведе на овој натпревар и во 34-та минута имаше 12-14. Но Полјаците бргу се консолидираа во наредните минути го превземаа водството и иницијативата во натпреварот. До 58-та минута се играше гол за гол, а во последната минута Бјелецки им донесе недостижни два погодока предност на Полјаците за конечни 26-24.

Најпрецизен на теренот беше Крајевски и Кониц постигнаа по пет, додека кај Шведска Стенмалм постигна четири голови.