Биглер во Германија, Полјаците го молат да се врати за последниот меч!

Селекторот на Полска, искусниот германски стратег Михаел Биглер многу емотивно го проживеа вчерашниот меч против Хрватска. На Полјаците им беше доволен и пораз од четири разлика за пласман во полуфиналето, но Хрватите им ги урнаа сите сништа уште по првото полувреме. По испуштената шанса, високиот пораз и непроспиената ноќ полскиот селектор Биглер заедно со претседателот на полската федерација ги договорија деталите за неговата оставка, по што Германецот експресно се врати во татковината.

Но пред Полска претстои уште еден дуел против репрезентацијата на Шведска за седмото место. Недоразбирањето или емотивната состојба на Биглер ја оставија Полска без кормилар во последниот настап на Европското првенство. Затоа одговорните луѓе од полската федерација се на релација Германија-Полска во обид да го предомислат и вратат селекторот пред првиот натпревар за Полска во Вроцлав, а последен на овој континентален собир.

Мечот е закажан за петок точно во 16:00, во „Стулеча“ арена  во Вроцлав, кога ќе се разрешат сите дилеми за одлуката на Биглер и негово достоинствено заминување од селекторското столче.