Бенидорм ја намачи Барселона: Лазаров им донесе победа на Каталонците

Екипата на Барселона потешко од очекувањата ја продолжи победничката серија во Асобал лигата. Совладана беше екипата на Бенидорм со 25-28 (16-10), но домаќините пружија фантастичен отпор а победникот беше решен во последните минути од натпреварот.

Каталонците одиграа катастрофално прво полувреме во кое успеаа да постигнат само 10 гола што не е нивна карактеристика, посебно во настапите во Асобал. На спротивната страна го имаа ултра мотивираниот состав на Бенидорм кој без тронка респект влезе во овој натпревар и одигра фантастично прво полувреме по кое имаше позитива од 6 голови 16-10.
Во вториот дел каталонците заиграа далеку поефикасно во нападот и успеаа да ја стопат високата негатива која ја имаа на полувреме. Најпрво во 46 минута стигнаа до израмнување 21-21, а со головите на Виктор Томас и Нодесбо во 54 минута имаа +2 (22-24). Но домашниот состав немаше намера да се предаде и на три минути до крајот на натпреварот се врати во игра израмнувајки на 25-25. Карабатиќ ја врати Барса во водство 25-26, а сите дилеми на натпреварот ги реши Кире Лазаров со удар од 9м за 25-27 на минута до крајот. Томас со со својот 5 гол на натпреварот го постави конечните 25-28.

Најпрецизни во екипата на Барселона беа Лазаров и Карабатиќ со 6 гола, Виктор Томас беше стрелец на 5.