Без изненадувања во третото коло од руското првенство

Третото коло во руското првенство е комплетирано и повторно фаворитите не доживеаа изненадувања.

Екипата на Звезда Звенигород успеа на домашен терен да обезбеди победа против Астраханочка со резултат од 30:25 (17:11), додека пак актеулните шампиони Динамо полесно од очекуваното дојдоа до победа на гостински терен во Тољати каде што убедливо триумфираа над екипата на Лада.

Составот на единстевниот странски тренер во моментов во Русија – Јан Лесие дојде до лесна победа против Кубан од Краснодар. Университет и Луч исто така дојдоа до два бода после победите забележани над Ставрополње и Агу Адиф.

Резултати 3то коло

Университет – Ставрополје-СКФУ 33:25 (17:12)

Луч – АГУ-Адиф 35:26 (17:13)

Ростов-Дон – Кубан 28:21 (15:10)

Лада – Динамо-Синара 21:28 (10:15)

Звезда – Астраханочка 30:25 (17:11)