Бебешко одбра 18 ракометари: Познат составот на Украина за ЕП – без Онуфриенко и Донцов!

Еден од ривалите на Македонија на претстојното Европското првенство, Украина, односно нејзиниот селектор Сергеј Бебешко, одбра 18 ракометари кои ќе патуваат за Виена.

На скратениот список ги нема десните бекови Сергеј Онуфриенко и Владислав Донцов, а тоа значи дека Бебешко оди на ЕП само со еден играч на таа позиција, Роман Чичикало.

За натпреварите против Македонија, Украина и Чешка, во конкуренција ќе бидат и двајцата ракометари од Еурофарм Пелистер, Олександр Шевељов и Владислав Остроушко.

Украина пред настапот на ЕП ќе биде дел од турнир во Швајцарија, и ќе игра пријателски средби против домаќинот, Тунис и Холандија.