Бахреин си заминува со пехар од Македонија

Репрезентацијата на Бахреин го заврши Мундијалот со победа против Тајван од 26:22, а овој триумф воедно и овозможи на оваа репрезентација да си замине од Македонија со пехар.

Со оглед на тоа што овој дуел беше за 17. место, а тоа воедно е и прво место во Президент купот каде играа репрезентациите за кои немаше место во осминафиналето. Бахреин вчера го совлада составот на Србија со 34:33, а денеска без проблеми успеа да дојде до победа над селекцијата на Тајван така што одигра одлично.

Овој меч воедно го затвори Президент купот, а пред одигрувањето на четврт-финалните средби останува да се одиграат уште средбите од 9. до 16. место. Како што е веќе познато Македонија ќе игра во битката за 13. позиција со Аргентина од 16:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПРЕЗИДЕНТ КУП – РЕЗУЛТАТИ ЗА ПЛАСМАН

17.МЕСТО

ТАЈВАН – БАХРЕИН        22:26 (12:11)

19.МЕСТО

САУДИСКА АРАБИЈА – СРБИЈА                23:28 (14:12)

21.МЕСТО

ЧИЛЕ – БРАЗИЛ               22:30 (13:14)

23.МЕСТО

КАНАДА – НИГЕРИЈА    31:37 (17:19)