Барселона ќе ја има најмодерната арена во светот: Погледнете ја новата “Палау Блауграна” (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Барселона за две години ќе ја добие новата “Палау Блауграна” која ќе претставува една од најубавите арени во светот. Новата арена која е во изградба треба да биде пуштена во употреба во 2019 година.

Вредноста на осветлувањето на новата ракометна убавица треба да биде помеѓу 200-300 илјади евра, а се најавува дека ќе биде едно од најдобрите на светот.

Изградбата на салата која ќе се наоѓа во близина на “Камп Ноу” треба ќе чини околу 100 милиони евра, и ќе биде со капацитет од 12 000 седишта.

фото: twitter/FC Barcelona