Барселона ја прослави титулата во Шпанија, следува Фајнл-фор турнирот!

Во дуелот од последното коло на шпанската Асобал лига, Барселона го совлада Адемар Леон со 40-29 (22-14) и по 14-ти пат откога постои АСОБАЛ лигата, а петти во серија се искачи на тронот на Шпанија. Лазаров како по обичај беше нерешлива енигма за противикот и со шест гола уште во првиот дел беше најзаслужен за високaта предност од +8 (22-14) по триесет минути игра.
И во вториот дел каталонците продолжија во исто темпо, па во воведните две минути стигнаа до двоцифрена предност 24-14. Нодесбо со својот трет погодок ги постави највисоките 35-23 во 50.минута а точка на натпреварот стави Дијаз, за конечни 40-29.

Лазаров со осум гола беше најпрецизен на натпреварот, а го следеше Сигурдсон со седум. Кај гостите Да Силва беше стрелец на шест погодока.

По освојувањето на АСОБАЛ лигата, Барселона со сите сили се насочува кон Фајнл-Фор турнирот кој на 30 и 31 мај ќе се одржи во Ланксес Арената во Келн. Противник на католонците во полуфиналето ќе биде полски Киелце.