Барселона убедлива во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп

Кирил Лазаров со победа ја стартуваше новата сезона во дресот на гигантот Барселона во полуфиналето на каталонскиот Суперкуп.

Актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите покажа целосна доминација против Сан Кугат и без проблеми дојде до висока победа од 42-16. Кирил Лазаров беше прв стрелец на неговата екипа и со седум погодоци ја одведе Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Финалето на Купот на Каталонија на програмата е на 2 септрември и Барселона ќе ги одмери силите против екипата на Грањолјерс.