Барселона и Лазаров немаат конкуренција во Асобал: Декласирана и Ла Риоха на нејзин терен

Екипата на Барселона нема конкуренција во шпансата Асобал лига. Лазаров и другарите буквално се прошетаа во Логроњо на “дерби” натпреварот против екипата на Натурхаус Ла Риоха и ја декласираа на нејзин терен со убедливи 23-34.

Натпреварот беше решен на самиот почеток кога по само седум минути игра каталонците поведоа со 0-7. Во тие моменти прав лидер на Барселона беше токму Лазаров кој постигна 3 гола а имаше и успешни асистенции до своите соиграчи. По ова почетно водство Барселона рутински го одработи натпреварот до самиот крај, успевајки да слави со убедливи 11 голови разлика (23-34).

Виктор Томас со 7 беше најпрецизен кај каталонците, а Лазаров и Сигурдсон постигнаа по 6.