Барселона го доведува тунижанецот Жалус?!

Екипата на Барселона е заинтересирана во своите редови да го доведе талентираниот лев бек на Кил, тунижанецот Ваел Жалус. Според пишувањата на францускиот портал handzone.net младиот тунижанец по една година помината во екипата на Кил, ќе се пресели во Асобал лигата, во редовите на шпанскиот шампион Барселона кој треба да му понуди двегодишен договор. Трансферот се очекува да биде потврден во наредните неколку денови. По потпишувањето на Канељас за екипата на Кил, се зголеми конкуренцијата во тимот па очекувано беше Жалус да си побара друг клуб.