Барселона вечерва по нов рекорд!

Вечерва со почеток од 20:30 шпанскиот првак ќе се сретне со екипата на Адемар Леон во националната АСОБАЛ лига. Натпреварот со веќе познат победник, ќе биде посебен бидејќи Барселона ќе ја достигне историската бројка од 73 натпревари без пораз.

Некогаш моќниот Адемар Леон, во својот состав има неколку ракометари кои играле или потекнуваат од школата на каталонскиот гигант. Најзвучно име секако е Хуанин Гарсија, кој одлучи последните сезони од својата кариера да ги помине во својот роден град. Освен одличниот крилен ракометар во составот на Адемар играат Микел Агирезабалага и Начо Биоска кои биле дел од младинските категории на Барселона.

Денес надмоќноста на Барселона во националниот шампионат е факт, но во минатото Леон имаше тим за респрект во кој играа Раул Ентрериос, Дани Сармиенто, Карлос Руезга, Виран Морос, Даниел Шариќ, сите членови на првиот состав на Барселона.