Барселона без Виктор Томас во наредните четири недели

tomasВо заостанатиот напревар од Асобал лигата против екипата на Хелветиа, десното крило на Барселона, Виктор Томас, заработи скршеница на десната рака и ќе биде надвор од ракометните терени четири до пеt недели. Олеснителна околност е тоа што повредена е десната рака, а Томас игра со левата, па од таа гледна точка паузата од четири недели не изгледа така страшно.

Покрај натпреварите од Асобал лигата, Томас ќе ги пропушти и првите натпревари од ЕХФ Лигата на шампионите. Барселона во првите три натпревари игра против екипите на Алингсас, Копенгаген и Висла Плок.

Враќањето на Виктор Томас се очекува да биде во Ноември, на натпреварите против Европскиот првак Фленсбург.