Барса нема веќе грижи пред Келн, може да мисли само на Вардар

Противникот на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на шампионите – Барселона, иако уште одамна ја обезбеди, дури на последниот натпревар од Асобал на домашен терен ја доби титулата.

Без поголеми проблеми, Барселона славеше над Анхел Хименез со убедливи 42-24, а по натпреварот капитенот Виктор Томас го крена пехарот. Ова за каталонците е 26-та титула, а деветта по ред во шпанската елита.

За Барса останува уште еден натпревар на гости следниот викенд, кој ќе нема никаква важност, па уште отсега може да се посветат на обврските против Вардар во Келн.