Барса го купи пред две години, но сега го враќа назад во татковината!

Јосиф Андреј Бузлe во претходните две сезони беше член на Барселона, но од наредната сезона ќе се врати во својата земја. Тој во наредните три сезони ќе игра за Минаур Баја Маре во романското првенство.

Бузлe е 20-годишен ракометар кој настапува на централната бековска позиција, а може да покрие и на лев бек. Младиот играч веќе има настап за сениорката репрезентација на Романија кога дебитираше со 18 години.

Тој беше забележан од Чави Пасквал кој го донесе во Барселона како голем талент.

„Тој има одлични физички карактеристики. Многу паметно ја организира играта, но мора многу да работи и да обрне внимание на тактичкиот дел кој е многу сложен. Неговата иднина е само работа, работа и работа“, рече Пасквал за Бузл.

Конкуренцијата во Барселона е огромна, па затоа Романецот немаше многу шанса за игра. Во новиот клуб сигурно ќе има поголема минутажа и можност за поголем напредок.