Бараж за СП: Се чека на Хрватска и Србија и на Пан-Америка

Селекцијата на Словенија беше на чекор од успех на гостувањето во Унгарија, но не успеа да стори ништо по ова прашање откако дојде до победа со само четири гола разлика. Ова не беше доволно за да може да се надева на пласман понатаму, па остана Унгарија да се врати на големите натпреварувања.

Немаше изненадувања ниту на другите средби одиграни синоќа, па пред денешното комплетирање на баражите е јасно дека Македонија, Русија, Норвешка, Унгарија, Шведска, Австрија и Исланд си обезбедија пласман на Мундијалот.

Останува уште вечерва Хрватска и Србија да го потврдат своето место и да се има комплетен список на учесници од Европа.

После ова ќе останат само селекциите кои ќе дојдат од Пан-американските квалификации и на 25 јуни ќе бидат познати групите според кои ќе се игра првиот круг на шампионатот во Германија и во Данска.

БАРАЖ ЗА СП 2019

РУСИЈА (26) – (27) Чешка            29:21

Швајцарија (26) – (32) НОРВЕШКА         33:30

Романија (24) – (32) МАКЕДОНИЈА       26:25

УНГАРИЈА (29) – (24) Словенија              22:26

ШВЕДСКА (24) – (25) Холандија              26:20

АВСТРИЈА (28) – (28) Белорусија            31:26

ИСЛАНД (27) – (27) Литванија  34:31

ЧЕТВРТОК, 14 ЈУНИ

20:00ч

ЦРНА ГОРА (19) – (32) ХРВАТСКА

22:00ч

ПОРТУГАЛИЈА (21) – (28) СРБИЈА