Баражи за СП: Хрватска и Србија го заверија пласманот

Синоќа беа потврдени и последните две селекции од Европа кои ќе играат на Светското првенство во Германија и Полска, па Македонија и другите тимови кои во претходните два дена си обезбедија место на Мундијалот.

Последните два учесници од Европа се Хрватска и Србија кои само го потврдија своето место бидејќи имаа сигурна предност од првите дуели одиграни за викендот.

Хрватите претрпеа пораз на гостувањето во Црна Гора, но тоа беше неважно со оглед на високата победа на првиот дуел. Реваншот беше само формалност, па затоа имаше и опуштање бидејќи предноста од првиот дуел не беше достижна.

Што се однесува до Португалија и Србија таму немаше победник, а составот на Србија оди понатаму бидејќи од првиот дуел имаше плус од седум гола.

БАРАЖ ЗА СП 2019

РУСИЈА (26) – (27) Чешка            29:21

Швајцарија (26) – (32) НОРВЕШКА         33:30

Романија (24) – (32) МАКЕДОНИЈА       26:25

УНГАРИЈА (29) – (24) Словенија              22:26

ШВЕДСКА (24) – (25) Холандија              26:20

АВСТРИЈА (28) – (28) Белорусија            31:26

ИСЛАНД (27) – (27) Литванија  34:31

Црна Гора (19) – (32) ХРВАТСКА              32:31

Португалија (21) – (28) СРБИЈА                25:25