Баражи за СП: Унгарија и Словенија го играат мечот на денот

После вчерашното завршување на задачата на четири репрезентации денеска се очекува да бидат одиграни уште пет меча и да бидат познати уште пет патници на шампионатот во јануари.

Централното место на овие дуели нема да биде мечот во Клуж, кој е максимално важен за нас туку средбата која се игра во Веспрем каде репрезентацијата на Унгарија се очекува да влезе во уште една голема битка со состаот на Словенија.

Иако Унгарците се во предност, сепак, јасно е дека ништо не е завршено и дека вечерва ќе има ново надмудрување меѓу Љубомир Врањеш и Веселин Вујовиќ.

БАРАЖ ЗА СП 2019

РУСИЈА (26) – (27) Чешка            29:21

Швајцарија (26) – (32) НОРВЕШКА         33:30

СРЕДА, 13 ЈУНИ

17:30ч

РОМАНИЈА (24) – (32) МАКЕДОНИЈА

19:00ч

УНГАРИЈА (29) – (24) СЛОВЕНИЈА

19:15ч

ШВЕДСКА (24) – (25) ХОЛАНДИЈА

20:15ч

АВСТРИЈА (28) – (28) БЕЛОРУСИЈА

22:00ч

ИСЛАНД (27) – (27) ЛИТВАНИЈА

ЧЕТВРТОК, 14 ЈУНИ

20:00ч

ЦРНА ГОРА (19) – (32) ХРВАТСКА

22:00ч

ПОРТУГАЛИЈА (21) – (28) СРБИЈА