Атрактивната данска ракомeтарка става крај на играчката кариера (ФОТО)

Данската репрезентативка и актуелна ракометарка на Копенхаген- Луиза Сваластог Спелерберг, ја игра последната сезона во својата кариера.

Атрактивната Спелерберг која е сопруга поранешната данска ракометна ѕвезда Бо Спелерберг по 16 години активно играње професионален ракомет се реши да стави крај на својата кариера.

Луиза Спелерберг својот прв професионален настап го имаше во 2002 година во екипата на Киф Вејен, а во богата ракометна кариера настапуваше и за екипите на Икаст, Митјиланд и Копехаген каде и ја завршува кариерата.

Со екипата на Копенхаген минатата сезона беше вицешампион на Данска, а со Митјиланд за кој настапуваше од 2011 до 2014 година го освои Данскиот Куп и првенството на оваа земја. Исто така еден од најзначајните успеси за Спелерберг е и настапот на Ф4 турнирот во Будимпешта во 2014 година.

За репрезентацијата на Данска чиј дрес го носеше од 2006 година настапи на 75 интернационални натпревари во кои успеа да постигне 80 голови.

Покрај својата кариера, Луиза Спелерберг е позната и по бракот со поранешната данска ракометна ѕвезда Бо Спелерберг, со кога имаат и ќерка.