“Атипичен терен, многу публика, луѓе што го сакаат ракометот – уживање е да се игра во Струга” (ВИДЕО)

Освојувач на трофејот на 47-то издание на Струшкиот турнир е тимот од нашиот јужен сосед – АЕК Атина. Засилен со играчи од Висла Плоцк и Магдебург, плус голманот Игор Арсиќ, како и повратникот Малик Хогас, АЕК би можел да му направи проблеми на многу тимови дури и од Лигата на шампионите.

Еден од новите играчи е и хрватскиот интернационалец Марин Бунета, кој во Атина дојде од словенечкиот Марибор. Тој е задоволен од прикажаната игра и трофејот во Струга.

“Се боревме до крај и успеавме да го освоиме трофејот. Има атипичен терен, многу публика и луѓе што сакаат ракомет, па беше уживање да се игра во Струга”, вели Бунета за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…