Астраион прокнижи бодови против Куманово

Во рамки на првото коло од плеј-аут натпреварите од Првата машка лига екипата на Астраион го пречека Куманово и со победа го почна вториот дел од сезоната. Домашните обезбедија триумф кој беше изразен со шест гола разлика, 30:24.

Победата на Астрион не беше доведена во прашање во ниту едем момент од натпреварот. Тие беа во водство во текот на целиот меч и не им дозволија на ракометарите на Куманово да се изборат за поволен резултат на гостувањето во Струмица. И двете полувремиња ги решија со по три гола разлика. Имаа 16:13 на паузата, а потоа и во вториот дел додадоа на предноста за први три бода во пролетниот дел од сезоната.

Во 2. коло екипата на Куманово ќе го пречека составот на Весна Акумулатори, додека Астраион ќе се обиде да ја оствари втората победа повторно на домашен терен овој пат против тимот на Аеродром.

АСТРАИОН – МРК КУМАНОВО     30:24 (16:13)
Сала: Парк во Струмица. Гледачи: 300. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров  од Богданци.

АСТРАИОН: Гогов, Нурев, Котевски, Велков 3, Партинов 2, Кавазов 5, Беџовски 2, Перовановиќ, Катранџиев 6, Каркалашев 1, Касапов 3, Кочев 1, Стојанов 5, Ончев, Стојанов 2.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 14 мин.

МРК КУМАНОВО: Клековски 6, Денковски 1, Даневски, Цветковски 2, Н. Петрушевски, Б. Петрушевски 7, Ацевски 1, Димитријевски, Стојмановски 5, Цветковски, Кузмановски 2, Георгиевски.

Седмерци: 2/7, Исклучувања: 10 мин.