ЕХФ потврди: Арпад Штербик е најкорисен играч на финалето! (ФОТО)

Дојде пред два дена од лекарски прегледи во Скопје директно во Загреб, откако првата опција на голот на Шпанија Гонзало Перез де Варгас заработи незгодна повреда на лигамнетите. Одличниот Арпад Штербик во полуфиналната пресметка со само еден тренинг и помогна на Шпанија против Франција со три одбрани од линијата за седум метри.

Но финалето е она што засекогаш ќе се памети, во 23 минута, селекторот Жорди Рибера при резултат 7-10 за Шведска, одлучи да ризикува и да се потпре на генијалноста на вардаровиот голман. Се чини таа минута го прекрши резултатот на овој дуел, до полувреме Шведска се уште се бореше, но во вториот дел кога Рибера ја промени одбраната, а Штербик беше од спротива на шведските реакометари, Шпанија поведе (35’ 16-14), а потоа искусниот тим на „фуријата“ ги збриша шведските ракометари за големо славје на првата Европска титула со конечен резултат 29-23.

Арпад Штербик натпреварот го заврши со 8 одбрани и 38% успешност во одбраните, на спротивната страна на свое ниво беше и Апелгрен кој го заврши својот настап со 35% успешност.

Панелот експерти на ЕХФ одлучија титулата најкорисен ракометар на финалето да му ја доделат токму на Штербик.