Аргентина ќе тестира со Бразил, Алжир и Египет

Додека европските репрезентации ги играат квалификационите натпревари за Европското Првенство 2016, остатокот од ракометниот свет се подготвува за Светското првенство во Катар. Аргентина за прв пат предводена од браќата Симонет ќе ги тестираат своите можности за Светското во Катар преку турнирот во Бразил. Освен Бразил и Аргентина, на турнирот ќе учествуваат Алжир и Египет.

Алжир, предводени од Мохамед Мокрани (Данкерк), Рабах Соудани (Тулуз) и Ел Хади Билум (Мартиг) првиот натпревар ќе го одигра против Египет.

Аргентина како фаворити патуваат на турнирот, но ќе бидат претпазливи бидејќи Бразил веќе успеа еднаш да ги изненади на големите натпреварувања. Египет исто така се надева на изненадување со што би испратил силна порака до светот на два и пол месеци до почетокот на мундијалот.


Распоред на турнирот:


Четврток, 30 октомври:

Аргентина – Бразил

Египет – Алжир

Петок, 31 октомври:

Алжир – Аргентина

Бразил – Египет

Сабота 1 ноември:

Алжир – Египет

Бразил – Аргентина