Анна Сен: Работиме по седум часа на ден, се надевам дека трудот ќе се исплати

По само една сезона помината во редовите на унгарски Ѓер, репрезентативката на Русија – Анна Сен се одлучи за трансфер во Ростов Дон – клубот во кој настапуваше во периодот од 2011-2014 година.

Големиот број на трансфери кои што ги направи првакот на Русија го вбројуваат рускиот состав помеѓу фаворитите во Лигата на Шампионите оваа година.
Какви се очекувањата на Анна Сен во новата сезона како и мислењето за противниците во Лигата на Шампионите се дел од прашањата на кои Сен одговори во интревјуто подолу.


-Минатата сезона за прв пат настапувавте надвор од Русија. Колку ви беше тешко да се прилагодите на новата средина во Унгарија?

Перидот на адаптација во Ѓер помина најнормално и голема предност за мене беше фактот што мојот сопруг беше во Унгарија со мене и ме поддржувше низ се што поминував. Исто така и тимот беше одличен и сите играчи ми помогнаа во се што беше потребно и на овој начин многу ми помогнаа побрзо да се прилагодам на новата средина.

-Во претходната сезона Ѓер поради различни причини настапуваше без неколку од клучните играчи. Колку сте задоволни со резултатите што Ѓер ги прикажа во Лигата на Шампионите  и домашното првенство?

Не можам да кажам дека сум задоволна од резултатите бидејќи изгубивме неколку големи играчи и многу други нешта се случија во тимот. Но, на крајот на краиштата, главната работа е тоа што играчите кои останавме во клубот успеавме  да се бориме до крајот и да го дадаме нашиот максимум.

-Се одлучивте за трансфер во Ростов Дон – клубот во кој настапувавте во периодот од 2011-2014 година. Кои се причините за враќање во стариот клуб?

Пред се се одлучив да се вратам во клубот бидејќи Ростов на Дон во претстојната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и бидејќи тимот има странски тренер и се разбира сите останати услови се многу добри. Јас исто така, можам да кажам дека на трансферот и не гледам како на враќање бидејќи се чуствувам како да не сум го напуштила  ова место бидејќи тука се чувствувам како дома.

FLP_9153

-Ростов е првата руска екипа која е предводена од дански тренер. Што е она што го прави Јан Лесли поразличен од другите тренери со кои сте работеле во текот на вашата кариера?

Сеуште не сум тренирала со Јан Лесли бидејќи тој ќе се приклучи на екипата малку подоцна но за него можам да кажам дека е одличен тренер.
Во споредба со останатите руски тренери можам да кажам дека тој е секогаш подготвен за нешто ново и сака да расте се повеќе и повеќе. Оваа карактеристика исто така голем број странски тренери ја поседуваат.

– Со неколкуте големи трансфери Ростов е веќе во листата на фаворити во новата сезона. Дали чувствувате дополнителен притисок поради ова?

Не, во моментот ние го даваме нашиот максимум и сите играчи тренираме напорно. Целиот тим работи по седум часа на ден и никој не е мрзелив и се надевам дека во иднина овој труд ќе се исплати и ќе имаме добри резултати.

-Од финансиската криза во Динамо, Ростов ја доби Анна Седојкина. Кое е вашето мислење за ова?

Се надевам дека голманите ќе имаат здрава конкуренција меѓу нив, како и остатокот од играчите во екипата. На бековските позиции ние сме пет играчи и секој заслужува место, па се надевам дека голманите ќе го имаат истиот мотив и нема да не изневерат.

-Раскажете ни повеќе за вашите противници во групата А во Лигата на Шампионите како и за вашите очекувања од новата сезона?

Најпрво јас би сакала да победиме во рускиот шампионат бидејќи оваа титула мене лично доста ми значи. Кога станува збор за Лигата на шампионите во оваа сезона ние ќе се натпреваруваме директно во групната фаза и имаме многу интересни противници во групата А. Нашиот прв сериозен натпревар е против Ларвик и се надевам дека можеме да се подготвиме добро и да дојдеме до победа во овој натпревар а потоа секако добро да се подготвиме за Крим како и за другиот тим што ќе се приклучи на нашата група.

Составот на Ростов на Дон за сезоната 2015-2016

Голмани:

Галина Габисова, Катрин Лунде Харалдсен, Марија Басараб, Анна Седојкина, Марина Складчикова

Крилни играчи:

Јулија Манагарова, Марина Јарцева, Викторија Боршценко, Елена Авдекова, Оксана Киселева

Линиски играчи:

Маја Петрова, Александра Степанова, Ксенија Макеева

Бековски играчи:

Регина Шимкуте, Екатерина Илина, Макарена Агилар, Екатерина Артамонова, Елена Сливинскаја, Ана Пунко, Екатерина Давиденко, Олга Ажидерскаја, Анна Сен, Владена Бобровникова

Преглед на трансфери:

Нови играчи:

Анна Сен (Ѓер), Анна Седојкина (Динамо), Марија Басараб (Звезда), Катрине Лунде Харлдсен (Ѓер), Оксана Киселева(Кубан), Макарена Агилар (Ѓер), Екатерина Давиденко (Баја Маре), Ксенија Макеева (Баја Маре)

Играчи кои го напуштија клубот:

Соња Барјактаровиќ, Олга Предериј (Јувента), Анѓела Булатовиќ (ЕРД), Екатерина Свитанко


Линкот до оригиналнато интревју на англиски јазик може да го погледнете на europamester.dk

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ