АНКЕТА: Исланд со Палмарсон и Сигурдсон, Македонија со нов селектор – Кој ќе ја добие првата битка?

Македонија вечерва од 19:45 минути во Рејкјавик ќе го одигра третиот натпревар во рамките на квалификациите за Европското првенство 2020. Токму дуелот против Исланд е вовед за возвратниот натпревар во Скопје кој треба да се одигра четири дена подоцна во Скопје, а ќе значи многу во битката за место меѓу најдобрите на стариот континент.

Во редовите на Исланд по долго време повторно заедно ќе го видиме најдоброто- Арон Палмарсон и Гудјон Сигурдсон, останатите ракометари се речиси идентични со составот кој пред три месеци, на СП во Германија, ја совлада репрезентацијата на Македонија.

По Германија, Македонија има нов селектор, а ќе ги нема Филип Лазаров и Мартин Серафимов. Во составот се враќаат Никола Марковски и Милорад Куковски. Обложувалниците предноста ја даваат на домаќините, кои историски немаат загубено домашен натпревар во дуелите со Македонија.

Нова надеж буди новиот концепт кој треба да го промовира селекторот Данило Брестовац и да внесе поинаква атмосфера во соблекувалната. Натпреварот се игра вечерва во Рејкјавик од 19:45 минути по локално време, или 21:45 по македонско.

Кое е вашето мислење. Како ќе заврши вечерашниот дуел меѓу Исланд и Македонија?
(* доколку не ја гледате, почекајте да се вчита анкетата)