Ангеловски и Доброгеа со прва победа во романскиот шампионат

Некогашниот репрезентативец Бранко Ангеловски и тимот на Доброгеа Суд Констанца ја остварија првата победа во новата сезона на романскиот шампионат, откако славеа на гостински терен кај тимот на Фагараш со 33:22.

Иако ослабени поради неиграњето на Младен Ракчевиќ, сепак Ангеловски и соиграчите во ниту еден момент не попуштија и го победија убедливо новиот прволигаш. Ангеловски беше стрелец на 2 гола од 2 обиди.

Фото:handbalvolei.ro