Ангеловски и Доброгеа туркаат според планот

Доброгеа Суд Констанца, каде настапува македонскиот интернационалец Бранко Ангеловски, турка според планот и забележа нова победа во романскиот шампионат. По изненадувачкиот пораз дома од Темишвар, а по победата над Фагараш, Констанца славеше на домашен терен над тимот на Решица со 30:22.

Ангеловски беше дел од домашниот ростер и успеа да постигне 2 гола од исто толку обиди. Следниот меч за Констанца ќе биде на гостински терен против Сучеава.