Ана Ѓокиќ за 24ракомет: Финале пред финалето

Екс-играчот на Будуќност и Вардар – легендарната Ана Ѓокиќ со свој коментар за вечерашниот натпревар во Подгорица.

“Ќе го следам натпреварот во Подгорица бидејќи ова е најдобриот натпревар од првото коло или како што многумина велат – финале пред финалето.

Во секој случај мислам дека двете екипи се засилени во однос на минатата сезона, па затоа мислам дека овие две екипи ќе се сретнат пак во полуфиналето или во финалето и затоа не би сакала да прогнозирам ништо пред време бидејќи во овие натпревари секој може да победи.

Сепак на ова средба сметам дека екипата на Будуќност е во предност бидејќи Булатовиќ е старо-нов играч кој нема потреба да се вклопува во системот, бидејќи на тој начин функционира веќе неколку години во репрезентацијата. Секако да не ја заборавиме и “жешката” Морача која е секогаш ветер во гради на Будуќност. Пред таква публика треба да знае како да се одигра, не е доволно само ракометното познавање, мора да се надигра и таа пеколна атмосфера.Од друга страна пак Пино, Хмирова и Лејно нема да играат а на новите засилувања на Вардар ќе им треба време да се уиграат.

Секако сметам дека натреварот ќе биде феноменален и ова е само почеток на овие две екипи кои ќе ги видиме во вистинско светло во мај.”