Алушовски за 24Ракомет ТВ: Ростерот е скоро затворен, но има можност за уште еден нов играч (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Работник го завршија првиот дел од подготовките во Маврово, каде работеа една седмица. Стратегот Стевче Алушовски им даде три слободни дена на своите ракометари, пред да се вратат повторно на истото место на 3 август.

Тој во изјава за 24Ракомет вели дека ростерот не е затворен, и дека има можност да дојде уште еден ракометар.

„Ростерот е 95% затворен, но сепак постои можност да ни се приклучи уште еден ракометар, иако не би сакал да зборувам премногу на таа тема“, вели Алушовски за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…