Алушовски верува во играчите: Сакам Еурофарм Работник со едно лице

Во пресрет на вториот натпревар на домашен терен во ЕХФ купот против Нексе, новиот тренер на тимот Стевче Алушовски знае што бара од ракометарите и што ќе треба тие да направат за да може натпреварот да донесе далеку поинаков тек од она што беше случај во Нашице кога беа одиграни две различни полувремиња.

„Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице. Анализиравме во минатите денови и верувам дека в недела ќе бидеме константни. Нексе е голем фаворит, но убеден сум во добро издание. Имаме неколу повредени играчи, Остроушко се жали на мала повреда но се надевам дека ќе го имаме на раполагање во недела. Овие шест европски натпревари ни се подготовка за најважното што следи, а тоа е плеј-офот“, вели Алушовски.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 19 часот, а Еурофарм Работник ќе се обиде да ги освои првите бодови во групата Б од ЕХФ купот против водечиот Нексе кој е со максимален ефект по првите три кола.