Алекс Душебаев: Можеме до злато, но сега сите мисли ни се насочени кон Хрватска

Шпанија за прв пат ја почуствува атмосферата во арена Краков, а пред полуфиналните натпревари во релаксирана атмосфера репрезентацијата на Шпанија одржа средба со медиумите и краток тренинг.

EHF EURO 2016 Trening na Spanija-5137

Еден од новите предводници на „црвената фурија“, десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев пред полуфиналниот дуел против Хрватска истакна:

Знам дека сега е моментот за Хрватска, знам дека се среќни дека го совладаа домаќинот Полска на таков начин и тоа е одлично за нив. Мораме добро да се подготвиме, затоа што утре сакаме да победиме.

Мислам дека на ова првенство некој натпревар го игравме подобро, некој полошо, но ја темпиравме формата за Краков, знам дека Хрватска е одлична екипа и сметам дека како и останатите натпревари нема ништо да се знае до последните десет минути. Натпреварот е важен за двете репрезентации, и секоја акција ќе биде клучна.

Во Хрватска имам клупски колеги, и тие сакаат да победат, но истотака и ние. Сè најдобро за нив, но утре ќе видиме кој ќе биде подобар.

Игор(Карачиќ) и Лука(Циндриќ) играат добар турнир. Да видиме како ќе се одвива натпреварот… Ние мораме да се подготвиме добро и да се прикажеме во одлично светло, ако сакаме да победиме.

Можеме до злато, но сега сите мисли ни се насочени кон Хрватска, сериозен противник кој сега има најдобар момент на овој турнир, а доколку ја совладаме ќе мислиме на злато.

Полуфиналето меѓу Шпанија и Хрватска е закажан за утревечер од 21:00 во арена Краков.