Алберт Роkас потпиша за Натурхаус Ла Риоха!

Екипата на Натурхаус Ла Риоха очигледно има големи планови за наредната сезона. По ангажманот на Хуанин Гарсија на левата крилна позиција, и Алберт Роkас пристигнува на позицијата десно крило. Шпанското репрезентативно крило ќе го носи дресот на екипата на Натурхаус Ла Риоха во наредните 3 сезони.

Во својата играчка кариера Роkас има настапувано за Гранољерс, Ваљадолид, Портланд Сан Антонио и Барселона, клубот каде ги имаше најголемите успеси пред да премине во Данска, во екипата на Киф Колдинг Копенхаген.

Роkас има освоено многу титули меѓу кои: титула во Лигата на шампионите, четири шампионски титули во Асобал лигата, три Супер купа на Шпанија, четири пати победник на Асобал купот, и двапати го има освоено Купот на кралот. Со репрезентацијата на Шпанија: Светски шампион 2005 и 2013 година, вицешампион на Европа 2006 година, како и бронзен медал на Олимписките игри во 2008 година.