„Ако играме вака дома против Вардар – може да победиме“ (ВИДЕО)

Вардар славеше над Порто со 32-27 во натпревар од второто коло во Лигата на шампионите. Гостите одиграа одлично во првиот дел и му зададоа главоболки на Давид Писонеро, но во вториот дел Вардар комплетно ги надигра. Кај нив сепак постојат надежи дека може да слават на домашен терен над европскиот првак.

„Доколку одиграме вака на домашен терен против Вардар, сигурно дека може да победиме“, изјави за 24Ракомет ТВ централниот бек Мигел Мартинс.

Целосната изјава може да ја погледнете во видео прилогот…