Акамбре пред враќање во татковината

Французинот кој настапува за Мешков Брест, Вилијам Акамбре можно е од следното лето да се врати во својата татковина. Според handnews.fr, Акамбре неколку недели е во преговори со Екс ан Прованс.

Се очекува во следните денови да се потврди потпишувањето на договорот со кој од летото 2020 година левиот бек ќе биде играч на Екс. Најавите се дека Акамбре ќе се обврзе со повеќегодишен договор.

Французинот сакал да се врати во домашното првенство уште во пролетта кога бил во преговори со Рен, но откако екипата испадна од Првата лига можността за соработка пропаднала. Оваа сезона настапува за Мешков Брест каде што дојде од Целје.

Очигледно Екс за следната сезона има големи амбиции бидејќи освен Акамбре се најавуваат уште три засилувања, Шпанците Сергеј Ернандез и Имањол Гарсијандија и Исланѓанецот Орн Кристијансон.