Аеродром со убедлив триумф ја заврши сезоната

Екипата на Аеродром на свој терен дојде до лесна победа во последното коло од плеј-аутот од Првата лига. Жртва беше Риниа која се соочи со дебакл и покажа дека е далеку под нивото на младите домашни ракометари.

Освен голманите и Благоја Антевски кој не влезе во игра, сите играчи на победникот се запишаа во листата на стрелците, а резултатот гласеше 45:24. Домашните започнаа посигурно и брзо дојдоа до 3:0. Немоќната Риниа успеа да намали на 4:2, но оттогаш се беше знакот на домашните.

Риниа го загуби полувремето го загуби со 18:8, а преостанатиот дел од средбата беше само тренинг за таленитираните момци предводени од Дарко Петровски. Аеродром заврши третопласиран во плеј-аутот, додека Риниа е две места подолу.