Агинагалде: Среќен сум во Киелце!

Пред финалните искушенија на четирите најдобри репрезентации на ова Европско првенство, се собраа во хотелот Хилтон од каде утре во Краков Арена ќе ги одиграат полуфиналните натпревари. Шпанија и Хрватска имаат веќе неколку средби на важни натпреварувања. Финалните натпревари се веќе рутина за двете екипи, а победникот ќе го одлучи подоброто расположение или лошиот ден на противникот. Шпанија го одработи првиот тренинг во Краков Арената, каде утре ќе го одигра вториот полуфинален натпревар. Веројатно еден од најдобрите поединци во шпанскиот состав е искусниот пивот Хулен Агинагалде, кој изминативе месеци беше актуелен со гласините околу трансферот во Вардар. На средбата со медиумите пред почетокот на првиот тренинг во Краков, Агинагалде даде одговор на сите натписи кои веќе го преселија во Вардар.

„Вардар? Па, знаете јас имам договор и среќен сум во Киелце. Тоа е јасна ситуација, немам што друго да ви кажам. Останувам во Киелце, не знам ништо за интересот на Вардар.“