Автобус полн со ракометари од Романија доживеа несреќа во Црна Гора

Јуниорите од репрезентација на Романија и нивниот тренер доживеале сообраќајна несреќа додека се враќале од турнирот во ракомет на песок за јуниори кој се одржа во Улцин, Црна Гора. Среќа во несреќа е што никој од играчите не е повреден, а нивниот тренер, Михаил Розознеану се здобил само со неколку гребнатинки.

Сведоци од местото на настанот кажуваат дека за сообраќајната несреќа е виновен возачот на автобусот во кој се возеле јуниори од Романија, а голема среќа е што никој од патниците не останал повреден. За несреќата веднаш се огласи и претседателот на Ракометна федерација на Романија, Александру Деду.

„Тренерот на репрезентацијата на Романија заработи повреди при несреќа во Црна Гора, пет километри до границата со Србија. Сите патници во автобусот се во ред без доживеани повреди. Во моментов тие се преземени од црногорски тренер кој ќе ги однесе во хотелот Беране каде што ќе јадат и ќе преспијат“, напиша на својот фејсбук профил Александру Деду.

Двата јуниорски состави, машкиот и женскиот учествуваа на турнирот кој беше одржан од 28 јуни до 2 јули каде што момчињата забележаа победи против Словачка и Франција, а ги изгубија другите пет натпревари додека девојките победија во три натпревари, а загубија во другите четири.

Фото: Clubul Sportiv Medgidia