Херојска битка во Унгарија, за огромна вардарова радост среде Сегедин (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Вардар е по третпат на Ф4 турнирот во Келн, а овој пат успеа да го направи тоа после мечот во кој имаше одлична тактика и успеа да се избори за позитивен резултат после двата дуели со Пик Сегед.

На минута до крај имаше несакани сцени откако имаше инцидент после попуштањето на нервите на домашните, а потоа откако тренерот на домашните побара тајм-аут дојде до довршување на средбата и до можност да почне радоста.

Вардарци се радуваа со навивачите кои отпатуваа во Сегедин за да им дадат поддршка така што на крајот имаа причина за задоволство и голема радост.

Една тешка сезона преполна со неизвесност беше финиширана со радост, па сега останува само подготовка за уште двата клучни натпревари.