Погледот кон Сегед, Келн во мислите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед.

Вардарци денеска во попладневните часови го одржаа последниот тренинг пред утрешниот двобој, а на лицата на ракометарите можеше да се забележи дека се максимално фокусирани и дека ќе играат како и на секој претходен дуел.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.