Македонија фати „залет“ за висок лет во Рејкјавик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После денешниот собир, ракометарите го одржаа и првиот тренинг под водство на селекторот Данило Брестовац. Се тренира во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а на тренингот е и Гоце Георгиевски кој поради доцнењето на летото од Романија не беше во можност да пристигне навреме за собирот.

Со доаѓањето на Георгиевски репрезентацијата е речиси комплетна и недостига само Дејан Манасков кој директно од Будимпешта лета за Рејкјавик во текот на утрешниот ден. Според тоа можеше да се одработи тренинг со речиси сите за кои се смета за првиот меч против Исланд.

Инаку, составот има само мали измени во однос на последниот Мундијал така што Брестовац нема да треба да менува многу во играта туку да го продолжи она што и досега беше актуелно кај сениорите и да се обиде со нешто ново да го изненади Исланд.

Првиот меч се игра в среда во Рејкјавик од 21:45 часот, додека вториот дуел е в недела од 20 часот.