Лошото прво полувреме го остави Е. Работник без победа против Целје

Целје го совлада тимот на Е. Работник после надигрување во сите 60 минути, а битолчани може да жалат што на крајот немаа подобар резултат. Имаа преголема негатива после првото полувреме, па на крајот не можеа да дојдат до нешто повеќе и мораа да се пораз од 22:23.

Почетокот им припадна на битолчани, кои водеа со 1:0, а потоа и со 2:1 и 3:2. Сепак, многу брзо ракометарите на Целје успеаја да ги свртат работите во своја полза. После 3:3 успеаја да направат серија од 4:0, а тоа значеше убава предност која овоможуваше мирна игра во продолжение од средбата.

Играчите на Е. Работник не успеаја да фатат приклучок и покрај тоа што се обидоа да го запрат налетот на Словенците. Место тоа Целје успеа да казни неколку грешкиво додавањата, па овој тим се избори за предност од 13:7 на крајот од првиот дел.

Во овој период од средбата засилувањата од Србија во таборот на Е. Работник не успеаја да го прикажат најдоброто, а добар период имаше голманот Чаневски.

Второто полувреме донесе нешто посилен ритам за ракометарите на Е. Работник. Иако тргнаа добро, сепак, ракометарите на Е. Работник имаа потребни од уште десет минути за да го засилат ритамот. После 40. минута влегоа во силен период во кој во десет минути одигра подобро од својот противник и ја намалија предноста.

Во 46. минута резултатот беше 17:15, а голема помош имаше од голманот Благојче Трајкоски кој одбрани многу тешки удари и им помогна на колегите да стигнат до враќање во игра за победата. Сепак, кога беше најпотребно ракометарите на Целје го засилија малку ритамот и одново дојдоа до водство кое им овозможи да дојдат до бодови за убав старт од турнирот.

ЦЕЛЈЕ – Е. РАБОТНИК  23:22 (13:7)

Игралиште: „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ЦЕЛЈЕ: Пањтар (5 одб., 1 сед.), Ферлин (4 одб.), Вујовиќ, Јуречиќ 1, Малуш 1, Разгор 1, Овничек 4, Маргуц 4, Шарац 1, Грошељ 1, Ненадиќ, Кодрин 3, Хорзен 2, Макуц 1, Аниќ 2, Душебаев 2.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 6 мин.

Е. РАБОТНИК: Чаневски (6 одб., 1 сед.), Трајкоски (7 одб., 1 сед.), Ивановски, Ивановиќ 2, Ојлески 1, Маркоски 3, Пецаковски, Талевски 2, Чурлевски 4, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Граџан 2, Ѓукиќ 4, Кузманоски 4, Петровски, Блажевски

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 6 мин.