Во ефикасен дуел, Тулуз одигра помоќно од Бешикташ

После вчерашниот пораз од екипата на Целје денеска составот на Тулуз успеа да надомести и да се избори за победа над Бешикташ со 32:28, па остана со шанси за обезбедување на првото место во групата. Сепак, за да се случи тоа ќе има математика на утрешните пресметки кои ќе донест нови возбудувања.

Денеска Тулуз беше далеку подобриот ривал, кој особено во второто полувреме успеа да се претстави во подобро издание во одбраната од својот противник.

Од стартот на средбата и двете екипи го насочија вниманието во нападот. Имаше многу погодоци и од едниот и од другиот тим, а тоа даваше резултат за зголемување на бројот на головите при што и двата состави успеваа да се изборат за што е можно повеќе погодоци.

Се играше практично гол за гол бидејќи и едниот и другиот состав успеваше без поголеми проблеми да реализира. На тој начин само се зголемуваше бројот на погодоци на средбата и тоа речиси паралелно бидејќи и едниот и другиот тим имаа што да покажат.

На сметка на одбраните нападот функционираше одлично и кај едните и кај другите, па тоа допринесе за 34 гола на одморот, а ги имаше по 17 и на двете страни.

Во вториот дел од мечот, Тулуз успеа рано да се избори за предност. Дојде до 23:20 и тука тргна со диктирање на играта во која ракометарите од Турција тешко се снаоѓаа. Сите желби да се дојде до нешто повеќе не даваа резултат бидејќи Тулуз после обезбедувањето на предноста имаше целосна контрола на играта и знаеше што сака во секој момент.

Кога беше најпотребно Тулуз имаше поддршка и од голманот Идризи, кој запре многу удари така што придонесе за добриот резултат на крајот од дуелот и го остави својот тим со шанса за позитивен резултат на крајот од групната фаза така што до крајот на утрешните средби нема да биде познато ништо.

Утре Тулуз ќе игра против Е. Работник, додека Бешикташ за противник го има составот на Целје, па и двете средби ќе бидат максимално возбудливи.

ТУЛУЗ – БЕШИКТАШ     32:28 (17:17)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 500. Судии: Димитар Митревски и Благоја Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТУЛУЗ: Бонефои (2 одб.), Идризи (6 одб., 1 сед.), Лабро, Монгин 4, Жиродо 8, Делање, Пржибилски 4, Руиз 2, Гарсија, Жилбер 2, Соле, Јакобсен, Олсон, Бонилаури

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 4 мин.

БЕШИКТАШ: Хендави (6 одб.), Каратај, Сарак 2, Прибак 2, Крсмановиќ 2, Буљубашиќ, Демирезен, Толга 5, Ерсин 3, Гунар, Ласица 2, Нуиќ 5, Томиќ 4, Кочарсан, Доне 4.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 8 мин.