Бод голем колку Европско првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија и Исланд одиграа нерешено, 24:24 на вториот дуел со што нашата селекција го има во своја корист двобојот со Исланѓаните.

Има подобар меѓусебен дуел и доколку работите до крај одат позитивно тогаш пласманот на ЕП не би требало да биде никаков проблем. Победата беше испуштена, но и ремито е позитивно после еден тежок дуел со Исланд.

Следните натпревари од квалификациите за ЕП, Македонија ќе ги одигра во јуни, против Турција на гости и против Грција на домашен терен.