Осминафиналната фаза од Лигата на Шампиони заврши, а во неа видовме многу изненадувања. ЕХФ ја објави идеалната постава од овој сегмент во шампионската лига во која се најдоа ракометари кои се за прв пат избрани помеѓу најдобрите седум. За најдобро лево крило е избран ракометарот на Пик Сегед Јонас Калман, на позицијата лев бек Никола Билик од Кил, најобар среден бек е ракометарот на Рајн Некар Енди Шмид, позицијата десен бек ја зазема Мелвин Ричардсон од Монпелје, најдобро десно крило е Ласе Сфан од Фленсбург, за најдобар пивот беше избран Патрик Винчек од Кил, додека за најдобар голман титулата ја понесе Тибор Иванишевиќ од Скјерн.


