Европската ракометна Федерација ја потврди казната за пивотот од БиХ, Владимир Врањеш за кого ова не е прва суспензија.
Ракометарот на Татабања од Унгарија нема да биде во можност да настапи на следните два натпревари за својата репрезентација, а притоа ќе мора да плати 500 евра поради неспортски прекршок односно удар во стомакот на мечот помеѓу Босна и Херцеговина и Естонија.
Ракометната федерација на БиХиспрати жалба до ЕХФ минатиот месец, но истата беше одбиена.
Ова е нов удар за Босна и Херцеговина која покрај оваа суспензија на Врањеш, поради административен пропуст го загуби местото во баражот откако го загуби дуелот со Швајцарија на „зелената маса“.
Поради оваа казна поранешниот ракометар на Адемар Леон и Пик Сегед веројатно ќе го пропушти почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020.


