Еден од најдобрите ракометни средни бекови на денешницата Енди Шмид ја коментираше одлуката на ЕХФ неговиот Рајн Некар да игра два натпревари во ист термин.
Поради тоа што не можеше да се одложи дуелот со Кјелце за друг ден, а не можеше ниту да се помести средбата против Кил одлуката беше Рајн Некар да отпатува со вториот тим за Полска. На тој начин ја жртвуваше Лигата на шампионите, но место да се добие барем на едно поле тимот загуби и на едниот и на другиот натпревар.
На тој начин жртвата беше без резултат, па Рајн Некар останува и без шанси за четврт-финалето во Лигата на шампионите, но и без бодови кои веќе ќе дадеа убава предност на табелата во Бундес-лигата.
Тоа беше ден кој го засрами клубот и ракометот. Не е нормално да се играат два натпревари во две различни натпреварувања во ист ден. Од сето тоа ние како тим загубивме најмногу што е разочарувачки. Се надевам дека на реванш дуелот против Кјелце ќе ја одбраниме честа на клубот и ќе докажеме дека сè ќе беше поинаку доколку се договореа ЕХФ и Ракометната федерација на Германија“.
Во саботата Германците играа меч од Бундес-лигата против Кил и во Лигата на шампионите против Кјелце на кој настапија со младинците во знак на протест кон одлуката на ЕХФ. Рајн Некар ги загуби и двата меча, а посебно болен беше оној од Кил во домашното првенство за кого тренерот Николај Јакобсен смета дека бил најлошо одигра сезонава.
Ако играте како ние во првото полувреме и тоа против Кил, едноставно не можете да се надевате на позитивен резултат. Сите бевме под одреден притисок што се виде долу на теренот. Во вториот дел одигравме далеку подобро, но беше касно да се анулира негатива од осум гола против екипа како Кил“.
Сепак, и покрај поразот од Кил, Рајн Некар се наоѓа на првото место во Бундес лигата, но сега со само два бода предност пред Флензбург и Фуксе Берлин.


