Викендов продолжуваат натпреварите од женската лига на шампионите со првото коло од групната фаза. Вардар гостува кај црногорскиот првак Будуќност, а домашните ракометарки очекуваат и сериозна подршка од трибините. Тие би требало да бидат осмиот игра на натпреварот.
„Се надевам дека навивачите ќе не подржат. протива ваков ривал потребен е осми играч. Сигурна сум дека ќе се вратат и ќе не бодрат. Пред се` бидејќи доаѓа Вардар, што е одличен тим со две силни постави. Неодамна игравме во регионалната лига, свесни сме дека не покажаа се`, исто како и ние. Во недела ќе изгледа поинаку, вели Марта Батиновиќ, голманката на Будуќност.
Двете екипи неодамна играа меѓусебе, но во регионалната ВРХЛ лига во Подгорица. Тогаш победи Будуќност со 30-29, но тоа беше прв натпревар за екипите по новата година. Сега секој бод е драгоцен. Вардар стартува како првопласиран со седум, бода, а Будуќност е втор со еден бод помалку.
„По триумфот во регионалната лига бев уморна. Се чувствував дека сум дала 120 отсто, бидејќи сакав против таков ривал да дадам што повеќе. Во некоја рака Вардар ми лежи, па дај Боже така да биде и на 29 јануари, вели Батиновиќ.
Според пропозициите првите четири екипи од групата потоа продолжуваат во четврт-финалето каде се вкрстува со екипите од другата група по принципот 1-4, 2-3, 3-2, 4-1. Победниците од тие двомеча потоа обезбедуваат место на завршниот Ф4 турнир во Будимпешта на почетокот на мај.


