Пласманот на Монпелје и Скјерн во четврфиналето од Лигата на шампиони, дефинитвно ја изненади ракометна Европа. Оваа своевидна сензација ќе остане запаметена поради фактот што за прв пат две екипи од вториот ешалон на екипи се најдоа помеѓу најдобрите осум.
Скјерн во осминафиналето беа подобри во двомечот против Веспрем, додека Монпелје ја изненади Барселона.Французите кои за напомена во групната фаза во два наврати го совладаа Металург за пласман на Ф4 тунирот во Келн ќе се борат против екипата на Фленсбург, додека Данците во четвртфиналето ќе се соочат со Нант. Успехот на Скјерн е и поголем за Данскиот ракомет, кои по 2012 година за прв пат ќе имаат екипа која е помеѓу најдобрите осум во Европа.
Во преостанатите два четврфинални дуели ќе се сретнат Вардар и Кил, односно ПСЖ ќе игра против Кјелце. Првите четвртфинални мечеви предвидени се во периодот од 18 до 22 април, а реваншите меѓу 25 и 29 април.


